Тиквеш

„Тиквеш“ е најголемата винарска визба во Македонија. Почетоците на оваа винарската визба може да се најдат некаде кон крајот на 19 век кога повеќе угледни семејства од Тиквешијата започнувале да создаваат вински подруми во кои се произведуваат квалитетни вина во шишиња на чии етикети јасно се истакнува географското потекло на виното. Винарската визба „Тиквеш“ е основана во 1885 година во регион со вековна винарска традиција, благословен со совршени природни услови, срдечни и страсни луѓе и пргава автентична култура. Оваа винарија отсекогаш имала склоност за надминување на очекувањата, прифаќање на иновациите и освојување на новите пазари. Со текот на времето има стекнато повеќе земја со врвен квалитет од која било друга винарска визба во Југоисточна Европа. Портфолиото од префинети вина се протега во неколку категории што се погодни за секоја пригода и освојува бројни високо признаени меѓународни награди од година во година.

Капацитет :
30 милиони литри висококвалитетно македонско вино годишно
Видови на вино :
7 категории – oak edition, special selection, т’га за југ, александрија, тиквешко, класик и традиционални
advanced divider
advanced divider
advanced divider
advanced divider

Коментирајте