Гоце Делчев Тиквеш Росоман (ГД Тиквеш)

Винарска визба ГД ТИКВЕШ има капацитет за производство на 6,2 милиони литри вино, со тенденција на зголемување до 10 милиони литри. 95% од производство е наливно вино за извоз, додека 5% е флаширано вино за домашниот пазар. Винаријата располага со широка палета сорти на грозје од сопствени лозови насади и годишно произведува околу 9.500.000 kg квалитетно винско грозје. ГД ТИКВЕШ бележи повеќе од 60 години традиција во одгледувањето винова лоза. До 1998 година беше дел од поранешниот Агрокомбинат Тиквеш, а веќе од 1999 година функционира како самостоен ентитет. Традицијата на континуиран раст и развој продолжува низ годините со инвестирање во винарскиот сектор, односно реализиција на проектот нова сопствена винарија, кој се реализира во 2013 година.

Капацитет :
6,2 милиони литри вино годишно
Видови на вино :
7 видови – Темјаника, Совињон Блан, Шардоне, Мускат Розе, Мерло Барик, Фаворит Куве, Фиано.
advanced divider
advanced divider
advanced divider
advanced divider

Коментирајте