Лазар Росоман

Винаријата Лазар претставува скриен скапоцен камен на само 80 km од главниот град Скопје. Се наоѓа веднаш до стариот град Стоби на автопатот „Пријателство“ Е75. Винаријата Лазар е eдна од најдобрите винарии во Македонија и е основана во 2000 година како мал семеен бизнис од Лазар Ристов. Семејството е производител на грозје веќе 4 генерации, но производството на грозје се продавало на други винарии. Винаријата Лазар произведува околу 50000 шишиња вино годишно. Тие се продаваат на домашен пазар и се извезуваат во Данска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Сингапур и др. Прекрасната природа на Црна Река, вкусната храна, прекрасните вина на оваа уникатна винарија и извонредно пријателската услуга се совршена комбинација за вински туризам во Тиквешијата.

Капацитет :
Винаријата Лазар произведува околу 50000 шишиња вино годишно.
Видови на вино :
7 категории – temjanika special edition, grashevina special edition, pearl frizzant, allure collection, erigon cuvee, erigon kratoshija, erigon merlot
advanced divider
advanced divider
advanced divider
advanced divider

Коментирајте