Мотел ресторан „Кај Жика“ се наоѓа во Росоман, покрај автопатот Градско – Прилеп кон исклучокот за Кавадарци на 500 метри. Мотелот располага со ресторански дел – организирање на секаков вид веселби, сместувачки дел со преноќиште, отворен базен и два паркинзи. Во текот на летната сезона комплексот нуди преден простор за веселби на отворено покрај базен со капацитет од 450 гости. Со посебно осветлување, тераса на повеќе нивоа, како и вкусна храна и богат избор на вино, може да задоволи сечии барања за квалитет.