Ексклузив Кавадарци

Ресторан Ексклузив се наоѓа во центарот на градот Кавадарци и е дефинитивно еден од најдобрите пица ресторани во централна Македонија. Спојувајќи ги совршено добро традиционалното и модерното, кавадаречкото и светското, гостопримството и професионалното, пица ресторан Ексклузив во овие дваесет години работење ја продолжува семејната традиција на фамилијата Велкови од 1984 година, на горд репрезент на она, кавадаречкото во светот на секој туѓинец, патник, намерник кој барем за миг се нашол во градот под Љубаш, но и иноватор за сите оние чиј немирен авантуристички дух ги тера да се во секојдневна потрага по нови вкусови.