Ресторанот Балкански се наоѓа во строгиот центар на градот Неготино, во близина на градскиот пазар и има традиција од повеќе од 30 години. Отворен е за првпат во 1989 година под името Клуб 11. Оттогаш па наваму постојано работи на подобрување на амбиентот, квалитетот на храната и услугата на гостите. Во моментот располага со 40 места во затворениот дел како и 60 места во прекрасната летна тераса. Нуди голем избор на домашни и интернационални јадења и скара, како и локални специјалитети – пици и неготински пити подготвени во фурна на дрва. Покрај ова секако постои и голем избор на алкохолни и безалкохолни пијалоци и најдобрите македонски вина.