Општинската Установа Музеј на град Неготино е основана во 1978 година и е институција која делува во областа на културата. Музеј на град Неготино е културно, просветна и научна установа, која преку систематско истражување, собирање, средување, стручно и научно обработување и проучување, заштита, чување, објавување и презентирање на музејскиот материјал, го шири образованието за културното наследство, трајно ги задоволува културните потреби на работните луѓе и граѓаните и придонесува за унапредување на стручната и научно-истражувачка работа и развој на културата, науката, образованието и други дејности. Работењето на овој музеј се организира преку 4-ти одделенија, и тоа: етнолошко, археолошко, историско и одделение за ликовна уметност.