Музејот на Виното Демир Капија отворен е на 07.11.2010 год., на денот на ослободувањето на Демир Капија. Сместен е во центарот на градот (централно градско подрачје), на ул. Маршал Тито бб.Демир Капија. Во овој момент тој е единствен од ваков вид во Македонија, еден од 5-те во Европа , и 12 во светот. Музејот го слави виното и конзумната култура. Содржи три одделенија: археологија, винска галерија и галерија за изложби и презентации. Музејот рсполага со артефакти кои го отсликуваат историското минато на Демир Капија од праисторија до денес врзани со различни периоди на развојот на овој крај и многу експонати кои што зборуваат за богатата традиција на винската култура. Од таа прична во овој микровински регион егзистираат неколку винарии кои со своите високо сортни вина го нашле патот кон европските пазари.