Почетна

Сино и зелено вино

Влатко Тасев e професор во СОУ„Ѓорче Петров„ во Кавадарци  , човек од лозарско и винарско семејство,кој има и теоретско но и практично знаење за виното и жестоките пијалаци. Тој за прв пат кај нас ,создаде сино и зелено вино.

 

Синото вино но и зеленто  сеуште е непознато за пошироката јавност и допрва треба да се афирмира.Тасев долго  произведува вино, но сака  и да експериментира.

Сакам да истражувам на полињата кои ми се интересни и така настана и идејата да се создаде нешто ново, различно и атрактивно, но сепак да ја задржи автентичноста и оригиналноста. Раскажува дека оние кои веќе го пробале виното имаат пофалби и позитивни коментари.

Виното не е промовирано доволно од причина што се работи за мала количина на вино

„Моите пријатели од vinotika.mk ја проследија оваа своевидна промоција на овој вински настан до познатиот српски портал vino.rs и тоа е сe. Инаку за некоја посериозна и вистинска промоција мислам дека нема да има, бидејќи се работи за многу мала количина на вино, а голем дел од тоа вино веќе се испи и се подари на мои пријатели и љубопитни винољупци“ – вели Тасев.

Професорот најавува дека и во иднина ќе експериментира, но ќе остане мала тајна и во секој случај нема да отстапи од задржување на оригиналните, природни карактеристики на виното.