Почетна Винарии Винарска визба Стоби - Градско

Винарија Стоби - Градско

 

 

Винаријата Стоби се наоѓа во централниот дел на Македонија, во најпознатото виногорје-Тиквешкото.

Во Тиквешкото виногорје се засадени околу 12.000 хектари под винова лоза што претставува приближно една третина од вкупната површина под лозови насади во Македонија. Самото виногорје се одликува со неколку карактеристики кои го прават да биде едно од најпогодните подрачја за одгледување на винова лоза. Поради вкрстувањето на две клими, медитеранска од југ и континентална од север, оваа област е најсушна на Балканскиот полуостров, со вкупна годишна температурна сума во текот на вегетацијата од 5300°C - 5500°C, врнежи од 500-600 литри на метар квадратен и максималната дневна температура во текот на јули и август од околу 40°C. Сепак, со примена на најсовремени ампелотехнички мерки и добрата текстура на почвата, виновата лоза е постојано снабдена со вода, а северните ветрови обезбедуваат природна заштита од криптограмски болести. Ова уникатно виногорје има и свои локални, традиционални сорти кои се добро познати. Па така, најпозната сорта грозје е сортата Вранец, кој учествува со речиси 50% од вкупните лозови насади засадени со црвено грозје. Сепак, овој регион се покажа и како одлична почва за меѓународните сорти грозје, од кои ги среќаваме Каберне Совињон, Мерло, Пино Ноар, Шираз, Шардоне, Совињон Бланк, Мускат, Ризлинг, Траминец и многу други.

Капацитетот на винарската визба е 4.500.000 литри од кои 1.200.000 литри се предвидени за ферментација.

Првиот чекор за добивање на врвен квалитет на виното е квалитетот на грозјето. За да осигураме врвен квалитет, производството се базира исклучиво на грозје одгледувано на сопствените лозови насади, кои се простираат на површина од околу 600 хектари и вклучуваат бели сорти како Жилавка, Жупљанка, Ркацители, Рајнски Ризлинг, Италијански ризлинг, Шардоне, Мускат Отонел и црвени сорти како Пино Ноар, Вранец, Мерло, Каберне Совињон, Каберне Франк, Шираз, Петит Вердо итн.

Суштината на виното и она од што сè почнува, е грозјето. Затоа обрнуваме исклучително внимание на нашите лозови насади. Секоја година инвестираме во подигање на нови лозови насади и за последните две години засадивме 60 хектари со лозов калем кој доаѓа од една од највисоко признаените институции во светот, Vivai Cooperativi Rauscedo - од Фриули, Италија. Кога станува збор за виното, ние имаме само највисоки критериуми.

Но знаењето не би било ништо без соодветната технологија. Најновата и најмодерна, целосно автоматизирана технологија е онаа која ни овозможува да се задржи и да се зачува квалитетот не само на нашето грозје, туку и на вината. Целата инсталираната технологија потекнува од Италија и Германија, вклучувајќи компании како GIMAR TECNO, SIPREM, GORTANI, DALLA TORRE IMPIANTI, PALL системи на филтрација итн. Линијата за полнење вино потекнува од KRONES АG и има има капацитет од 5.000 шишиња на час и може да работи со пет формати на шишиња (1л стелвин, 1л плута, 0.750л, 0,5 л, 0.187л шише).

 

Поштенска адреса Ул: Автопат б.б.
Поштенски број 1420
Град Градско
Вински регион и виногорје Повардарски - Тиквешко
Телефон 043 251 800
Факс 043 251 161
Е-маил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Веб-страна www.stobiwinery.mk
Менаџер за туризам Дане Јованов
Контакт тел / е-маил 070 252 224 Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Година на основање 2008
Број на вработени 32

Годишен капацитет на винаријата (во хл)

45 000
Сопствени лозови насади (во ха) 600
Просечно годишно производство (во хл) 40 000
Капацитет за чување (во хл) 45 000
Годишно производство на флаширано вино (во хл) 30 000
Производство во дрвени буриња (во %) и бари (во %) 5 % од вкупен волумен
Сертификати за квалитет (ИСО,ХАСАП,Органско и др.) HACCP - TUV CERTIFED