Почетна Content Layouts

За Тиквешки Вински Пат

Е-пошта Печати PDF

Правила за дегустација


Вработените во винаријата се експерти за дегустација, и се секогаш спремни да одговорат на сите ваши прашања. Но да ви помогнеме да се подготовите за посета, еве неколку основни правила за дегустација:


Избегнувајте да носите силни мириси.

Парфемите или колонските води – па дури и јако ароматизирани производи за кожа и коса можат да се мешаат со аромите на виното, и да ви отежнат и вам и на тие околу вас, целосно да уживате додека дегустирате.


Бидете подготвени да платите за дегустацијата.

Винариите често утврдуваат цена на дегустацијата врз основа на трошоците на виното и оние кои ви го нудат за дегустација нивното најдобро, најверојатно за тоа и соодветно ќе ви наплатат. Некои, но не сите винарии не наплаќаат или ви ги враќаат парите за дегустација доколку купите шише вино.


Прочистете го непцето пред/помеѓу вината (со голтка вода или крекер).

Ова ќе ги „ресетира„ вашите сетила за вкус, така што нема да ви се преклопуват вкусовите на различните вина.


Пробувајте ги вината по редослед на јачината

(пенливо па бело па црвено па десертно), слатокоста (суво па слатко) и староста (младо па старо).  Во спротивно, силните и слатките вина ќе ги надвладеат лесните и сувите. Ако учествувате во дегустација со водич, винаријата ќе го избере редоследот за вас. Ако сте во бар за дегустација, само побарајте од барменот да ви помогне со редоследот.


Оценувајте го секое вино за изгледот, мирисот и вкусот (по тој редослед).

Размислувајте за тоа како да започнувате од врвот на главата па продолжувате надолу: очите, па носот па устата.
Не се стегајте елегантно да го движите виното во устата или да правите гаргара. Можеби ќе се чувствувате глупаво, но виното ќе ви ја открие својата целосна комплекност само кога се меша со кислород. Декантирањето и вртењето во чаша ја имаат истата цел.


Плукањето понекогаш се препорачува – и е секогаш прифатливо.

Ако планирате да пробувате голем број на вина на вашата тура, најдобро е да исплукувате (во заеднички или лични садови за тоа) откако ќе земете голтка од секое вино. Во спротивно, алкохолот ќе почне да влијае врз вашето оценување по извесно време.
Дури и да не исплукувате, не морате да го завршите секое вино.  Целта на дегустацијата е да се проба виното, и тоа може да се стори со неколку голтки. Откако сте пробале колку што сакате, оставете го остатокот во чашата и продолжете со наредното. Верувајте, винариите го очекуваат тоа – нема да навредите ничии чувства.


Кога ги опишувате букето и вкусот на виното, не плашете се да погодувате.

Секое непце е различно. Аромите и вкусовите кои ги откривате може да бидат различни од оние кои другите ги препознаваат – нема точно или погрешно.


Конечно, запаметете дека не мора ништо да ви се допадне!

Виното може да биде добро направено и реномирано, но тоа не значи дека ќе ви се допадне најмногу. Оценувањето на виното е лична работа. Ако сите ги сакаме истите вкусови, не би имале широк ранг на вина – сорти и купажи, кои ни се допаѓаат. Верувајте им на вашите сетила за вкус!

 

 

 

 

Тиквешки вински пат започна да функционира 2006 г. со создавањето на Фондацијата Тиквешки вински пат.

Членки на винскиот пат се:

10 винарски визби,2 хотела,повеќе ресторани,кафетерии,2 музеја,1 уметничка галерија,здружение на стари занаети,и повеќе индивидуалци кои се грижат за зачувување на традицијата во Тиквешијата.

Истиот постојано се проширува со нови членки,кои се спремни да ги исполнат критериумите на винскиот пат,и се спремни за услужување на туристите.

Покрај организираните дегустации на вино,се организираат посети на локалните знаменитости,природни реткости,како и разни ручеци и вечери на кои може да се проба храната типична за Тиквешијата,но и останати специјалитети.

По барање на странките се организираат и Тиквешки вечери,на кои покрај вкусните јадења,ќе ги чуете карактеристичните песни за виното и грозјето.

Последно освежено на Вторник, 02 Октомври 2012 14:14