Музеи - Локален Музеј галерија Кавадарци

Индекс на артикл
Музеи
Локален Музеј галерија Кавадарци
Музеј на вино Демир Капија
Сите страници
Ресторанот Ексклузив се наоѓа во новиот дел на центарот на градот Кавадарци.Работи од 1980 година .Во ресторанот се приготвуваат сите врсти риба на скара како и пржена риба, морски плодови, пици , пастрмајлии традиционални македонски јадења и разновидни салати.  Специјалитет на ресторанот е пица ;; Ексклузив’’ и бифтек ;; Ексклузив’.
Капацитет на ресторанот е 150 места внатре и 50 места надвор.
Ул„ Булевар Македонија „ бб Кавадарци
Информации и резервации:
Тел:  389 43 411 561;389 70 239 259

 

Локален Музеј галерија Кавадарци

Музеј – галеријата Кавадарци е однована со Одлука на Собранието на град Кавадарци во 1973 година. Со работа отпочнува на 07.05.1976 година. Музејот е сместен во зграда која некогаш била семејна куќа на српскиот пратеник Перовиќ и која со денационализација му е одземена и прилагодена за дејноста на Музејот. Во зградата според некои податоци првенствено бил сместен Општинскиот комитет, потоа била наменета за забавиште и детски диспанзер. Музејот е сместен на површина од 340 м2 и дворно место од 263 м2.

Во состав на Музејот работат 4 одделенија:

  • Историско

  • Археолошко

  • Етнолошко

  • Оддел за заштита на спомениците на културата

Музеј поседува повеќе збирки и фондови од областа на археологијата, етнологијата, историјата, историјата на уметноста и современата македонска уметност.

Историскиот оддел располага со 150 историски предмети (оружје, муниција, сабји), колекција од 4.000 фптпграфии и негативи, 500 слајдови, 1.000 каширани фотографии, 3.000 страници документи, 2.000 страници мемоарски материјал, скромна библиотека со 400 историски наслови и останата литература.

Одделот за археологија располага со над 200 предмети археолошки материјал. Овој материјал датира од различен временски период, пронајден на територијата на Општина Кавадарци и се разврстува како камената пластика (архитектонски елементи, бази, капители, столбови, надгробни плочи-стели, осуариуми), керамичен материјал (питоси, луцерни, чинии, пехари), нумизматичен материјал, гробни прилози и метален накит.

Етнолошкиот оддел располага со вкупно 130 предмети од дрво, текстил и метал.

Во сопственост на Галеријата се наоѓаат 105 уметнички слики и скулптури на истакнати македонски автори и автори од поранешна Југославија.

Тежиштето на активностите на Заводот - Музеј е  насочено кон:

Истражувачки работи и набавка на  музејски материјал

Стручно-музеолошка обработка

Заштита на материјалот и културно-историските споменици

Културно – образовна и воспитна дејност

МУЗЕЈ ГАЛЕРИЈА-КАВАДАРЦИ

ул.„7-ми Септември“ 56

тел:043/ 413-470