Почетна

Потпишување на договор за Тера вино

Tera_vino_agreement

Денес 14.02.2018 г во Росоман,во присуство на заменик Министер за Локална самоуправа на Р.Македонија Дејан Павлески,од страна на: Виолета Јанкова Директор на Тиквешки вински пат,Бранко Јанев Градоначалник на Општина Росоман,и Марко де-ла Пупа Директор на Италијанско Грчката комора како водечки партнер,се потпиша договорот за партнерство,со што отпочнаа процедурите за регистрација и имплементација на проектот Тера вино,одобрен преку прекуграничната програма Македонија -Грција ИПА 2.Проектот ќе се реализира 18 месеци,при што ќе биде реновиран објект од 700м2 во Општина Росоман и комплетно опремен,со намена за изложбен центар за храна вино и туризам,ќе се формира Македонско грчки кластер за туризам,ќе се направи и промовира нов туристички производ ,ќе се набави лабараторија,и ќе се развие марка за квалитет и др.