Почетна

Демир Капија: ,,Недела на традицијата Св. Трифун 2018 година''

Е-пошта Печати PDF

Програмата за одбележување на празникот ,,Недела на традицијата

Св. Трифун 2018 година'' - Демир Капија ќе содржи повеке

активности кои ке се oдржат на 11,12,13 и 14 февруари

На 11 февруари е официјалниот почеток на манифестацијата ,,Недела на традицијата Св.Трифун 2018 година'' кој ќе се означи со подигнување на фестивалското знаме во центарот на Демир Капија во 12:00 часот на пладне кој ќе биде проследен со пригодна програма во чест на св. Трифун, подготвена во соработка со ОУ ,,Димче Ангелов Габерот'' - Демир Капија.

- Натпревар за најдобра домашна ракија;

- Натпревар за закројување на винова лоза;

- Натпревар за најдобро домашно вино.

Пријавување на учесниците за натпреварите започна од 29-ти Јануари и трае до 07 Февруари во просториите на општина Демир Капија или на тел. 043/364-100 и 075-647-677.Во Недела во 18:00 часот исто така ќе се одржи и едукативна трибина на тема: ,,Кооперанство лозари - винарии, сигурност за квалитетно производство и сигурен пласман''. Учество на едукативната трибина ќе земат представници од повеќе винарии од Тиквешијата, кои што ќе го објаснат процесот на склучување на кооперантски договори. На овој настан ќе бидат соопштени резултатите од одржаните натпревари.

На 12.февруари во понеделник во спортската сала при О.О.У. "Димче Ангелов Габерот" ќе се одржи културна манифестација за меѓуетничка соработка "ГРАДИМЕ МОСТОВИ", во соработка со турскиот културен центар "Јунус Емре" во рамките на програмата Турски народни приказни. На културниот перформанс со почеток во 12 часот, ќе земат учество 100 ученици од централното и подрачните училишта во Демир Капија.

Во Музеј Демир Капија во 19:00 часот ќе се одржи изложба на карикатури од меѓународниот фестивал за хумор и сатира ,,Ин Виница Веритас'' како и концерт на ансамбл со староградски песни ,,Серенада'' од Виница.

На 13.февруари-вторник ќе се одржи натпреварот за најдобра традиционална македонска трпеза. Натпреварот ќе биде воден од Андријана Алачки кој ќе биде емитуван во емисијата ,,Вкусот на традицијата".Пријавувањето на учесници за натпреварот ќе биде од 29-ти Јануари до 07 Февруари на тел. 075-647-677 или во просториите на општина Демир Капија.

На денот на Св Трифун-14.февруари- Среда ке се одржи централниот настан од манифестацијата "Неделата на традицијата Свети Трифун 2018“.предвидена е богата културно забавна и уметничка програма како и Базар на вино, ракотворби и производи од традиционални занаети. На овој настан исто така ќе бидат доделени наградите и признанијата од четирите натпревари.

Општина Демир Капија на располагање има 20 тезги, кои што ќе ги изнајми без надоместок за ден 14.02.2018 година (среда).

Пријавувањето за добивање на тезга на плоштадот во Демир Капија, за продажба на вино, ракотворби и производи од традиционални занаети ќе биде од 29-ти Јануари до 07 Февруари на тел. 043-364-100 , 075-647-677 или во просториите на општина Демир Капија

Последно освежено на Вторник, 06 Февруари 2018 20:19  

Налог за најава


Анкета

Дали досега сте го посетиле Тиквешки Вински Пат?
 

Кој е присутен

Има 29 гости присутни
loader