Почетна

Росоман ке развива агротуризам

Природните богатства и претстојното отварање на Центарот за промоција и изложба на вино , храна и туризам ке му овозможат на Општина Росоман да развива агротуризам, најави директорката  на „Тиквешки вински пат„ -Виолета Јанкова.

Центарот, вели Јанкова ке биде отворен во рамките на проектот за прекугранична соработка со Грција  преку ИПА програмата  вреден над 500 илјади евра.

-Во наредните две години ке организираме низ обуки за користење на земјоделски производи во функција на развој на агротуризмот.Овие туристи ке можат да видат како се приготвуваат традиционалните јадења карактеристични за ова подрачје, да ги посетат трите локални винарии, да имаат часовци во природа и релаксирачки ајтивности, рече Јанкова.

Центарот кој е главна придобивка од пограничниот проект “Тера вино“ ке служи и за организирање настани и промоции.