Добредојдовте на нашата страна

ТВП и Италијанско Македонска Стопанска комора

Е-пошта Печати PDF

На 9 ти Мај 2018 г се одржа состанок помеѓу Тиквешки вински пат и Италијанско Македонска Стопанска комора.На состанокот се разговараше за можни инвестиции на Италијански претпријатија во Тиквешијата,како и одржување на заеднички средби помеѓу стопанствениците.Во рамките на состанокот заеднички отидовме и во Општина Кавадарци каде што со Секретарот Горан Чулев се разговараше за можности за соработка,по што тој предложи состанок со регионалната Стопанска комора од Кавадарци и Италијанско Македонската комора.

Претседателот Енрико Петрела беше задоволен од средбата,и рече дека ќе припремаат Меморандум за соработка,како и листа на можни заеднички проекти.

Последно освежено на Петок, 11 Мај 2018 12:44
 

Проект за индустриска политика

Е-пошта Печати PDF

lara2

Лариса Водеб консултант за ЕУ фондови од Словенија,преку проектот за индустриска политика на Министерството за економија на Република Македонија беше во Кавадарци од 26 до 30 Март да помогне на Тиквешки вински пат за припрема на апликација во која се вклучени повеќе држави од Балканот. И благодариме на соработката и се надеваме на успех при аплицирањето.

Последно освежено на Петок, 30 Март 2018 21:02
 

Одобрена апликација на ТВП

Е-пошта Печати PDF
На фондацијата Тиквешки вински пат и е одобрена апликацијата за добивање консултантска поддршка преку проектот Ревизија на индустриската политика финансиран од ЕУ,а се спроведува од Министерство за економија,сектор Индустриска и инвестициска политика.Консултант од Словенија ке работи со Фондацијата Тиквешки вински пат на комплетирање на апликацијата за меѓународен проект од 26 Март до 3 ти Април 2018 г.
 

Прв Музеј на вино во Р.Македонија

Е-пошта Печати PDF
1Првиот Музеј за вино во Р.Македонија е основан преку апликација и имплементација на Фондацијата Тиквешки вински пат,со помош на ИМГ Италија,Италијанската Влада и ко-финансирање од Општина Неготино.
Последно освежено на Недела, 18 Февруари 2018 19:57
 

Потпишување на договор за Тера вино

Е-пошта Печати PDF
Tera_vino_agreement

Денес 14.02.2018 г во Росоман,во присуство на заменик Министер за Локална самоуправа на Р.Македонија Дејан Павлески,од страна на: Виолета Јанкова Директор на Тиквешки вински пат,Бранко Јанев Градоначалник на Општина Росоман,и Марко де-ла Пупа Директор на Италијанско Грчката комора како водечки партнер,се потпиша договорот за партнерство,со што отпочнаа процедурите за регистрација и имплементација на проектот Тера вино,одобрен преку прекуграничната програма Македонија -Грција ИПА 2.Проектот ќе се реализира 18 месеци,при што ќе биде реновиран објект од 700м2 во Општина Росоман и комплетно опремен,со намена за изложбен центар за храна вино и туризам,ќе се формира Македонско грчки кластер за туризам,ќе се направи и промовира нов туристички производ ,ќе се набави лабараторија,и ќе се развие марка за квалитет и др.

 

Последно освежено на Среда, 14 Февруари 2018 17:14
 


Страница 1 од 7

Налог за најава


Анкета

Дали досега сте го посетиле Тиквешки Вински Пат?
 

Кој е присутен

Има 49 гости присутни
loader