Средба со Државниот секретар на МОЕПП

Saturday, 07 March 2015 18:48 Тиквешки Вински Пат
Print

Денес во 12:00 во просториите на Локална самоуправа Кавадарци,се одржа состанок со Градоначалникот и Државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање со невладиниот сектор од Тиквешки регион.

Предлогот на Тиквешки вински пат за формирање и набавка на опрема за лабараторија за генетско испитување на автохтони сорти на винова лоза но и други растенија беше прифатен и Др.Липиткова рече дека истиот ќе биде проследен до надлежните институции како одличен предлог.

Исто така предложивме да се изработат планови за управување за оние места за кои се планира развој на туризмот,за да може да се заштити животната средина и природните реткости.

Состанокот заврши околу 14:00 часот.Повик кон сите НВО да ја погледната страната на Министерството за тековните повици.

Last Updated on Thursday, 04 January 2018 10:28