Честит Свети Трифун

Saturday, 14 February 2015 15:19 Тиквешки Вински Пат
Print

Денес во целата Тиквешија се прославува празникот Свети Трифун,со кој симболично се отпочнува работата во лозовите насади.

Оваа година Фондацијата Тиквешки вински пат не организираше прослава на Свети Трифун,согласно новата програма и преструктуирање на Фондацијата,за веќе во наредната година да започне со организација на прослави и манифестации кои ќе придонесат да се зголеми бројот на домашни но и странски туристи во целиот регион.