Почетна

Со поголема промоција до развој на винскиот туризам

Македонија има потенцијали за развој на туризмот, наша цел е негова промоција, а секоја година се зголемува бројот на туристи кои ја посетуваат Тиквешијата – вели Виолета Јанкова, директорка на Фондацијата Тиквешки вински пат.

Јанкова вели дека подготовките за отпочнување на веќе одобрениот проект за изложбен простор во Росоман, се во финална фаза, инвестиција вредна 587 000 евра, финансирана преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција.

Се планира да се формира македонско-грчки кластер за вино, храна и туризам, со промотивни туристички тури како и едукации за членките во кластерот, за подобрување на нивните бизниси, промоција и маркетинг.

Ако се земат предвид податоците од Државниот завод за статистика, за 18 проценти повеќе туристи лани, ќе се дојде до заклучок дека имаме што да понудиме на странските посетители, сепак споредено со соседните земји бројката е многу помала. Податоците велат дека во Македонија најмногу имало туристи од Турција, Грција, потоа Србија, Германија Албанија и САД. И додека ние многумина внимателно ги одибраат патувањата во странските туристички места, очекувањата на туристичките работници се дека посетата на странски туристи во нашава земја во иднина ќе се зголеми.

Билјана Тошевски