Home

Тиквешки Вински Пат со нови инвестиции

Фондација "Тиквешки Вински Пат" најавува неколку нови инвестиции и проекти

Како што информираше директорот Виолета Јанкова, се прават последните подготовки за старт на веќе одобрениот проект за изложбен простор во Росоман, инвестиција вредна 587 илјади евра, финансирана преку ИПА фондот за прекугранична соработка со Грција. Се работи за објект за промоција.

Во склоп на проектот ќе се формира и македонско-грчки кластер за вино, храна и туризам, а ќе бидат реализирани и промотивни туристички тури. Јанкова најави и едукации за членките во кластерот, за подобрување на нивните бизниси, промоција и маркетинг