Почетна За Фондацијата Портфолио ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2014 ГОДИНА

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2014 ГОДИНА

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2014 ГОДИНА

на Фондацијата Тиквешки вински пат

МИСИЈА Економски развој на Тиквешкиот регион

ВИЗИЈА Високо профитабилни вински патишта Вината на Македонија препознатливи во светски рамки, Одржлив развој преку развиен туризам и земјоделие.

СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ

  • Да прераснеме во Национална Фондација на винските патишта во Република Македонија
  • Да станеме лидер на винските патишта на Југоисточна Европа
  • Да воспоставиме стандарди и критериуми за функционирање на Винските патишта на Македонија
  • Да ја развиеме потребната инфраструктура за функционирање на Винските патишта
  • Промоција на винските патишта на странските пазари
  • Вмрежување во меѓународните мрежи на вински патишта

АКТИВНОСТИ

Вклучување во Вардарски плански регион за заеднички активности и можности за развој на регионот

• Тиквешки вински пат се вклучи во групата за соработка со покраина Алзас Р.Франција,за организирање на конференција во 2015 г

• Исто така ТВП беше вклучена во изработката на Стратегијата за развој на ВПР каде што е ставена како регионален кластер за туризам Започнување на воспоставување на соработка со Општините од Вардарски плански регион

• Остварени се контакти со Градоначалниците и се очекува истата да започне во 2015 после состанокот со членките на ТВП Учество во организацијата на Св.Трифун во Демир капија

• Дел од организацијата на настанот,изработка на комплетната програма и реализација на истата,како и маркетинг на настанот Учество на меѓународната конференција за кластери во Текирдаг Турција

• Ивица Велковски беше претставник на ТВП каде што се остварени повеќе контакти,помеѓу кои и со Директорот на вината на Агрокор –Хрватска Ѓуро Хорват Продолжена соработката со Куќа кластера од Ниш Р.Србија

• Договорена е соработка во припремата на Регионална конференција за вински туризам и вински патишта Учество на состаноците на кластерските здруженија во Министерство за економија

• Учество во изработка на планот на активности за подршка на кластерите Заради неактивноста во работењето на сектрот вино сите овие години од постоењето на ТВП еден од основачите на ТВП и Директор на сектор вино,Дивна Јордановска си поднесе оставка и излезе од основач повлекувајќи го својот влог во истата.Со тоа започнаа промените во Централен регистар на Р.М кои се очекува успешно да завршат во 2015г.

Припрема на проекти за 2015 г

Меѓународна конференција за вински туризам

Собрание:

  • Општина Демир Капија
  • Виолета Јанкова


Одбор:

  • Зоран Николовски – министерство за економија
  • Јованка Ѓорѓеска-Кузмановска – министерство за култура
  • Алириза Елези – министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
  • Весна Милкова – приватен сектор
  • Дане Јованов – приватен сектор
  • Габриела Ракичевиќ – Факултет за туризам Охрид
  • Претседател – Трајче Димитриев


Извршна канцеларија

Виолета Јанкова – Извршен директор

Изработил: Фондација ТВП
Демир капија, 28.04.2015 година

Годишен извештај 2014

Програма 2015 - 2016

Завршна сметка 2014

Даночен Биланс 2014