Почетна

Конференција за вински туризам и вински патишта

Министерство за економија на Р.М и Фондацијата Тиквешки вински пат организираат

Конференција за вински туризам и вински патишта

Скопје/Тиквешки регион

24-25 Април 2015

Информации

1. Конференција за вински туризам и вински патишта

Министерство за економија на Р.М и Фондацијата Тиквешки вински пат ќе соберат на едно место претставници на институциите и невладиниот сектор,коморите,како и приватните претпријатија поврзани со виното и туризмот како од Балканот,така и од други Држави од ЕУ за заеднички да дискутираат за создавање на нови партнерства и да го истражат потенцијалот за меѓусебна соработка со единствена цел,економски развој.

Конференцијата е со ограничен број на учесници,максимум 100 лица.

Соработката на сите нивоа е неопходна ако сакаме да создадеме конкурентен туристички производ и да ги намалиме трошоците за промоција во трети земји.

На оваа конференција ќе пробаме да одговориме на прашањата:

  • Каков вид на мрежи ни се потребни?
  • Колку се спремни институциите и приватниот сектор да инвестираат во вакви мрежи?
  • Како можат да се користат средствата од Ипа2 и останатите фондови за развој на вакви мрежи но и развој на винските патишта?

Вториот ден на форумот,покрај на горе наведените прашања ќе се обидеме да одговориме и каква едукација е потребна за развој на винскиот туризам?

2.Работен јазик на конференцијата

Заради мешовитиот состав на учесниците работен јазик ќе биде англискиот,и сите материјали ќе бидат преведени на англиски

3.Регистрација

Конференцијата е само за поканети учесници

Повеќе информации на email Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите