Почетна Винарии Винарија Фонко - с.Курија, Неготино

Винарија Фонко - с.Курија Неготино

Винаријата FONKO WINES е приватен винарски подрум со капацитет од 300.000 литри и се наоѓа на врвот на Лепово брдо. Положбата на винаријата омозможува брз транспорт на грозјето од лозјето до визбата, така што набраното грозје, кое се бере исклучиво во мали гајби, што побрзо да дојде до подрумот и биде преработено. Винаријата FONKO WINES е опремена со најсовремена технологија за преработка на грозје и производство на вино. Резервоарите за ферментација на вино (ферментатори) се со мал капацитет од 5.000 и 10.000 литри, што овозможува преработка на мали количини грозје, но со одбран квалитет. Сите садови се изработени од челик што не рѓосува и се со капацитет од 2.000 до 10.000 литри. Целокупниот процес, контролата на температурата на ферментација и одржувањето на температурата на виното и на амбиентот во самата винарија е под систем на ладење, кој компјутерски се регулира.FONKO WINES е една од ретките мали винарии која има своја опремена лобораторија за контрола на квалитетот. Тука се прати квалитетот на виното, преку испитување на одредени праметри, како што се алкохол, шеќер, вкупни и испарливи киселини, слободен и вкупен СО2, рН на виното, присуство на јаболчна и млечна киселина и сл., што овозможува целосна контрола на квалитетот во секоја фаза од прозиводството и негата на виното.

 

FONKO WINES
Address: Skupi 3a, 1000 Skopje, Macedonia
Phone: +389 2 311 2305; Fax: 311 3138
Поштенска адреса Куријски Пат бб Неготино
Поштенски број 1430
Град Неготино
Вински регион и виногорје Тиквешко виногорје
Телефон 043 800 196, 02 3112 305, 075 223 697
Факс 02 3113 138
Е-маил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Веб-страна www.fonkowines.com
Менаџер за туризам Зоран Петрушевски
Контакт тел / е-маил 075 367 608, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Година на основање 2002
Број на вработени 6

Годишен капацитет на винаријата (во хл)

1 500
Сопствени лозови насади (во ха) 9
Просечно годишно производство (во хл) 700
Капацитет за чување (во хл) 2 500
Годишно производство на флаширано вино (во хл) 700
Производство во дрвени буриња (во %) и бари (во %) 10 % од вкупен волумен
Сертификати за квалитет (ИСО,ХАСАП,Органско и др.) ICCO 22000