Почетна

Нова веб страна на фондацијата

Таму каде што сонцето и земјата ја хранат виновата лоза,а народот ја вложува својата душа во производството на виното,таму мора да има пат за секој намерник и случаен патник .

Тиквешки вински пат започна како сон,сон за промоција на прекрасните вина,храна и убавини на Тиквешијата.

 

Се сеќавам,првиот натпис за Тиквешки вински пат излезе во ТЕА модерна,со наслов

,,Две жени го трасираат винскиот пат,,.

Тоа беше во 2006 г.Денес 5 години подоцна,патот е трасиран,патоказите поставени,вината,храната и луѓето кои треба да ве угостат се спремни за Вас.

А спремна е и првата веб страница,првиот водич и мапа на Тиквешки вински пат.

Дозволете ни сега да Ве поведеме во нова авантура, авантура во која ќе бидете опиени не само од прекрасните вина,туку и од сонцето,вкусната традицонална храна,песните за виното и  душата на жителите на Тиквешијата широка како полињата на лозови насади .

На сите оние кои не подржаа во трасирањето на овој пат,едно огромно благодариме.

На сите оние кои пробуваа да ги извадат камчињата од патот,исто им благодариме,затоа што ако не беа тие да ни поставуваат препреки,можеби немаше да бидеме толку упорни.

Од срце и со чаша од нашето,Тиквешкото,, Добро ни дојдовте.