Музеи - Музеј на вино Демир Капија

Индекс на артикл
Музеи
Локален Музеј галерија Кавадарци
Музеј на вино Демир Капија
Сите страници

 

Музеј на вино Демир Капија

Музејот во Демир Капија се наоѓа во дворот на основното училиште Димче Ангелов Габерот. На површина од 120 метри квадратни се сместени две музејски поставки. Едната од нив е археолошка, додека другата поставка пак е музејот на виното.

Во склоп на музејот се наоѓаат следните галерии:

  • Археолошка галерија
  • Винска галерија
  • Ликовна галерија
  • Историска галерија

 

Археолошка галерија - Археологијата е 200 години стара наука, предметите од оваа поставка зборуваат за континуитет на живот кој се одвивал од праисторија до среден век. На просторот Тао-Теј Стенае, Стена Стенае, Просек - Демир Капија.

Винска галерија - Уште пред околу 6 000 години на овие простори започнува конзумната култура на вино и опстанува низ епохите и религиите до ден денес.

Ликовна галерија - Уметноста претставува визуелна манифестација на човечката креативност. Презентацијата на уметничкото творештво  е духовна потреба на секој народ. Во склоп на ликовната галерија има сала за презентации 18 часа аудио-визуелен архивски снимен материјал од археологија, историја и природните реткости на Демир Капија.

Историска галерија - Вие доаѓате во град на кралевите, во долина на пајонските владетели каде ја чувствувате миризбата на виното, каде што Ве галат ветровите од Кожуф планина и Ве обзема 3 000 годишната историја на Демир Капија.

 

Маршал Тито б.б., Демир Капија

www. museumdk.mk

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Тел: 43 365 500

Фак: 43 365 501