Почетна

ТВП и Италијанско Македонска Стопанска комора

На 9 ти Мај 2018 г се одржа состанок помеѓу Тиквешки вински пат и Италијанско Македонска Стопанска комора.На состанокот се разговараше за можни инвестиции на Италијански претпријатија во Тиквешијата,како и одржување на заеднички средби помеѓу стопанствениците.Во рамките на состанокот заеднички отидовме и во Општина Кавадарци каде што со Секретарот Горан Чулев се разговараше за можности за соработка,по што тој предложи состанок со регионалната Стопанска комора од Кавадарци и Италијанско Македонската комора.

Претседателот Енрико Петрела беше задоволен од средбата,и рече дека ќе припремаат Меморандум за соработка,како и листа на можни заеднички проекти.