Почетна Винарии Винарска визба Чекорови - Кавадарци

Винарска визба Чекорови - Кавадарци

 

cekorov

 

Еден од водечките македонски производители на врвни вина, м-р Кирил  Чекоров успешно го има одбрано со векови стариотТиквешки регион за  одгледување на сортите вранец и ризлинг, и употребувајќи ги неговите  извонредни техники за правење на висококвалитетно вино, продолжува да  го произведува секоја година како винo со докажан квалитет.      Вината на  Чекорови, Вранец, суво црвено вино и Рајнски Ризлинг, суво бело вино ги  уживаат најпребирливите љубители на вино - особено оние кои го ценат  врвниот квалитет кај виното и возбудливите вкусови и извонредните ароми  при одбирањето на вино.
Секоја година Чекорови произведуваат само ограничено количество од  овие врвни македонски вина, рачно изработени на традиционален начин на  Тиквешкиот регион.

 

Лозје

Лозјата на Чекорови се сместени во срцето на Тиквешкиот регион. Овој регион дава услови за зреење на грозје во суви и топли лета и благи зими со просечно количество на врнежи од 460 мм. Внимателно го избравме ридестиот дел за засадување на лозјата, така што грозјето може да се насладува со природните концентрирани вкусови кои потекнуваат од добро сувата посна почва.

Третман на грозјето

Веруваме дека виното се прави во лозјето и нашите техники за правење на вино се засноваат на природата. Оваа филозофија се рефлектира и во рачната берба и внимателниот третман на грозјето за време на ферментацијата и стареењето.

Винар

М-р Кирил Чекоров е сопственик на винаријата и главниот произведувач на вино. После триесет години работа за најголемата винарија во Македонија, тој конечно го реализираше својот сон да создава висококвалитетно вино под брендот на Чекоров. Кирил Чекоров несебично ја додава својата љубов и енергија во изработката на лимитираното количество на врвно вино во кое уживаат голем број љубители на вино.

Винарија

Винаријата Чекорови е фамилијарна винарија. Основана е во 1998г. од страна на семејството на Кирил Чекоров, а денес винаријата е управувана од нивната ќерка Дивна Јордановска и нивниот зет кои целосно се вклучени во процесот на правење на вино. Целата фамилија е комплетно посветена на правењето на извонредно висококвалитетно вино.

 

Поштенска адреса Бул. Едвард Кардељ 11/10
Поштенски број 1430
Град Кавадарци
Вински регион и виногорје Тиквешко виногорје
Телефон 043 410 317
Факс 043 410 317
Е-маил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Веб-страна www. cekorovi.com.mk
Менаџер за туризам Дивна Јордановска
Контакт тел / е-маил 075 239 349
Година на основање 1998
Број на вработени 2

Годишен капацитет на винаријата (во хл)

200
Сопствени лозови насади (во ха) 0
Просечно годишно производство (во хл) 150
Капацитет за чување (во хл) 150
Годишно производство на флаширано вино (во хл) 0
Производство во дрвени буриња (во %) и бари (во %) 0