Welcome to the Frontpage

Потпишување на договор за Тера вино

E-mail Print PDF
Tera_vino_agreement

Денес 14.02.2018 г во Росоман,во присуство на заменик Министер за Локална самоуправа на Р.Македонија Дејан Павлески,од страна на: Виолета Јанкова Директор на Тиквешки вински пат,Бранко Јанев Градоначалник на Општина Росоман,и Марко де-ла Пупа Директор на Италијанско Грчката комора како водечки партнер,се потпиша договорот за партнерство,со што отпочнаа процедурите за регистрација и имплементација на проектот Тера вино,одобрен преку прекуграничната програма Македонија -Грција ИПА 2.Проектот ќе се реализира 18 месеци,при што ќе биде реновиран објект од 700м2 во Општина Росоман и комплетно опремен,со намена за изложбен центар за храна вино и туризам,ќе се формира Македонско грчки кластер за туризам,ќе се направи и промовира нов туристички производ ,ќе се набави лабараторија,и ќе се развие марка за квалитет и др.

 

Last Updated on Wednesday, 14 February 2018 17:14
 

Агро туризам

E-mail Print PDF

Агро туризам претставува престој на село и учествување на туристот во сите оние работи кои нормално се одвиваат во едно селско домаќинство.

Оние што сакаат да се занимаваат со овој вид на туризам,неопходно е да исполнат одредени стандарди,и исто така да се едуцираат околу пречек на гостите,припрема и послужување на традиционалните јадења,анимација на гостите преку прошетки,работа во поле,јавање на коњи и сл. односно се она што би придонело гостинот да остане подолго време,и нормално да го препорача селското домаќинство и на други гости.

И за оваа тема наскоро повеќе преку обуките на Тиквешки вински пат.

 

Last Updated on Saturday, 10 February 2018 22:51
 

Манифестациите како можност за брендирање

E-mail Print PDF

Манифестациите можат многу да придонесат за брендирањето на одредени производи,а уште повеќе можат да придонесат за брендирање на територијата.

Затоа е неопходно секоја манифестација да биде помно испланирана,промовирана и реализирана,ако се сака истата да има ефект,и да се постигне целта за која истата е организирана.

Повеќе на оваа тема ќе зборуваме на обуките на Фондацијата Тиквешки вински пат,кои ќе започнат од Април 2018.

Фондација ТВП

Last Updated on Friday, 09 February 2018 21:37
 

Тера вино известување

E-mail Print PDF

Фондацијата Тиквешки вински пат,во партнерство со Општина Росоман,и 3 ца партнери од Грција,уште во 2017 беше известена за добиен проект од прекуграничната програма Македонија Грција.Но заради локалните избори,започнувањето на овој проект прилично се пролонгира,за конечно на 14 фабруари да го потпишеме договорот,и по административните процедури(регистрација на проектот,печати,посебна ж-ска и сл) ќе отпочнеме со активностите.

За подетални информации ќе бидете известени по потпишувањето на договорот на 14.02.2018 

Фондација ТВП

 

Демир Капија: ,,Недела на традицијата Св. Трифун 2018 година''

E-mail Print PDF

Програмата за одбележување на празникот ,,Недела на традицијата

Св. Трифун 2018 година'' - Демир Капија ќе содржи повеке

активности кои ке се oдржат на 11,12,13 и 14 февруари

Last Updated on Tuesday, 06 February 2018 20:19 Read more...
 


Page 2 of 7

Poll

Did you visit Tikves Wine Route?
 

Who is online

We have 31 guests online
loader